Lаdа поминa 1 милион километри за три години

ОБЈАВЕНО НА:

Сопственик на возило Lаdа Priоrа oд градот Јасни во Русија тврди дека успеал да помине 1 милион километри во период за три години. Тој патувал секојдневно до областниот центар Оренбург и во обратен правец со што минувал по 500 километри во една насока. За тоа време автомобилот претрпел сервисирање за работа на гаста и два основни ремонти на моторот.

Системот за гас бил монтиран кога автомобилот имал поминато 80.000 километри со оглед на тоа што полнењето со гориво почнало да станува проблем при така големи растојанија. Кога километражата достигнала 999.999, веќе по поминувањето на следниот километар истата имала само нула.

Првиот основен ремонт бил направен на 550.000 километри, додека вториот е на 1 милион километри. И во двата случаи сопственикот ги сменил клиповите со комплети за ВАЗ-2110. Менувачот бил оригинален и никогаш не правел проблеми.

За три години имало потреба и од смена на педалата за гас, како и стартерот (двапати), но инаку расходите биле само за чистење на млазниците (петпати). Сопственикот признава дека го користи само за работа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK