Квалитет: Hоndа ја продолжи гаранцијата на моторите до 10 години

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Honda им претстави неочекуван подарок на клиентите иако се работи за само некои од европските земји и под одредени услови. Францускиот оддел од јапонскиот производител објави дека го продолжува гаранцискиот рок до 10 години за моторите на автомобилите кои се регистрирани во Франција, Андора и Монако.

За да ја искористи понудата, клиентот мора да ја сервисира својата Honda само во сервисите на компанијата, а самото возило не може да биде постаро од десет години. Новите услови важат дури при смена на сопственикот и не зависат од километражата.

Продолжената гаранција нема да покрива оштетување на автомобилите користени како такси возила, за медицински или слични намени. Исклучоци се прават само кај подесените и тркачките возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK