Куманово доби монтажна гаража и јавно WC

ОБЈАВЕНО НА:

Во Куманово почна да функционира првата монтажна катна гаража на која има простор за околу 80 возила, а истовремено има и јавно WC, прво во градот. Според локалните медиуми во Куманово, изградбата на катната гаража чини 272.000 евра, а е финасирана од Општината.

Монтажната гаража се наоѓа покрај Центарот за Култура во центарот на градот. Граѓаните со поделени мислења околу монтажната катна гаража пред се бидејќи е во центарот и сметаат дека не е естетско решение.

Паркингот на второто ниво ќе биде бесплатен, се додека Советот на општината не донесе одлука, просторот да се даде на стопанисување на јавното претпријатие Куманово-паркинг. Во моментов цената на паркирањето е 30 денари за 1 час, плус 5 денари за смс порака. Постојат 6 подзони.

Предвидено е градот на има и подземна гаража што во иднина се планира да се изгради. Целта е да се среди колку што може сообраќајниот метеж впо градот.

Интересно е дека првпат по 30 години во градот има јавен тоалет. Претходно постоел, но истиот бил приватизиран заедно со стоковната куќа

Следете не и на:

24AUTO NETWORK