Криза? Bentley и Aston Martin со голем пораст на продажбата

ОБЈАВЕНО НА:

Британските производители на луксузни автомобили, Bentley и Aston Martin забележија одлични продажни перформанси во првите шест месеци од годината.

Bentley во првите шест месеци од годината успеа да продаде 7.199 нови автомобили што само по себе е рекорд. Најголем дел од овие возила се испорачани на кинескиот пазар по што следат европскиот и американскиот.

Од Bentley соопштија дека најпродаван модел со 2.766 испорачани примероци е Bentayga кој успеа да ја надмине продажбата на Continental GT кој беше испорачан во 2.318 примероци. Flying Spur моделот е продаден во 2.063 примероци.

Продажбата на Aston Martin се зголеми за точно 224%. Овој британски производител успеа да испорача 2.901 возило во првите шест месеци од годината што е одличен перформанс ако се има во предвид дека во истиот тој период минатата година испорача само 895 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK