Крај за фабриката на BMW во Англија

ОБЈАВЕНО НА:

Излезот на В.Британија од Европската Унија најголемо негативно влијание има врз автомобилската индустрија во оваа земја. Бројни производители веќе најавија затворање и редуцирање на производствените активости во оваа земја.

Последен во низата производители е BMW кој објави дека на 31 октомври годинава го прекина производството во својата фабрика во Оксфорд.

Излегувањето на Велика Британија од унијата, без при тоа да преземе владата на Велика Британија соодветни мерки за заштита на автомобилската индустрија ќе предизвика голем економски удар за земјата бидејќи во моментов оперираат 10-тина произвдоители.