Крај за електричниот Golf – почеток за ID.3

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen објави дека по 50.401 направени возила на целосно електричниот е-Golf во Дрезден од март 2017 година, сега производството на електричниот автомобил во фабриката ќе биде прекинато.Последниот модел на e-Golf излезе од производствената линија на 23 декeмври 2020.

По прекинот на производството на е-Golf, на почетокот на следниот месец комплексот ќе биде подготвен, и на крајот на јануари на производната линија ќе биде поставен комплетно нов електричен семеен ID модел ID.3, што е прв модел од ID семејствотo.

„Крајот на е-Golf е исто така почеток на последните подготовки за ID.3“, вели Дани Аурсвалд, директор на фабрика „Transparent Factory”. „За само неколку недели, ќе го почнеме новото поглавје на фабриката. По Цвикау, ние сме втората локација во Европа, која произведува автомобили на новиот модуларен систем за е-погон “.

Volkswagen e-Golf беше лансиран на пазарот во 2014 година, првично се произведуваше само во Волфсбург до летото оваа година, по што беше претставен во Дрезден поради зголемениот интерес за електричниот автомобил. Вкупниот број на произведени претставници на е-Golf е 145.561 единици.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK