Ковид-19: Паметни возови во Кина препознаваат патници без маска

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеските власти воведуваат „паметни“ возови на една од линиите на подземната железница кои можат да детектираат патници без медицински маски, соопшти агенцијата „Синхуа“, повикувајќи се на операторот на метрото во Пекинг.

Како што се наведува, новите возови ќе сообраќајат на шестата линија на метрото во Пекинг. Вагоните на возовите се опремени со бројни камери со висока резолуција, што ќе го снимаат ликот на патниците и ќе ги пренесе до системот за анализа.

Овој систем ќе може да ги препознае ликовите на патниците без маски, како и оние на кои им е потребна помош или луѓе кои ја изгубиле свеста.

Покрај тоа, над влезната врата на возот ќе бидат прикажани екрани со висока резолуција, кои ќе прикажат информации за станиците по таа линија, како и за движењето на патниците.

На 31 декември кинеските власти ја известија Светската здравствена организација за епидемија на непозната пневмонија во централниот град Вухан. Кинеските експерти на 7 јануари утврдија дека предизвикувачкиот агенс е вирусот корона САРС-КоВ-2 (КОВИД-19).

На 11 март, Светската здравствена организација прогласи епидемија на нов корона вирус. Во светски рамки, повеќе од 1,6 милиони луѓе се заразени со новиот корона вирус, повеќе од 95.000 умреа, а околу 355.000 се излечи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK