Коронавирусот влезе и во АвтоВАЗ – производството продолжува

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ кој ги произведува автомобилите на Lada, соопшти дека двајца нивни вработени се позитивни на коронавирусот.

“Состојбата е под контрола. Се функционира според планираното” изјави портпаролот на АвтоВАЗ за руските медиуми.

При тоа од АвтоВАЗ наведуваат дека во понатамошниот период ќе продолжат со редовното производство, а на работа ќе доаѓаат сите 35 илјади вработени во фабриката во Тољати.

Инаку во Русија, засега се регистрирани само 253 заболени од вирусот од кои еден е починат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK