Концептот Centoventi на Fiat добитник на наградата “Red Dot 2019”

ОБЈАВЕНО НА:

Концептот Centoventi кој италијaнскиот производител Fiat го претстави на саемот во Женева е добитник на наградата “Red Dot 2019” која важи за една од најпрестижните дизајнерски награди во светот.

Овој концепт Centoventi го доби во категоријата “Дизајнерски концепт”, а жирито составено од реномирани стручнаци за дизајн со мнозинство гласови го одбра овој концепт за најдобар во категоријата.

Со должина од 3,680 мм, висина од 1,527 мм и ширина од 1,740 овој автомобил со меѓуоскино растојание од 2,430 мм ги има сите предуслови за нов бестселер на италијанскиот производител.

Централно место зазема електричниот мотор кој со фабричката батерија достигнува автономија од 100 км. При тоа постои можност да се додадат и дополнителни батерии со што автономијата би се зголемила за уште 100 км.

Засега од FCA не откриваат кога планираат да го комерцијализираат овој концепт, а според реномираните авто магазини, овој модел треба да дојде како замена за Fiat Panda кон крајот на 2021 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK