Конечно пораст на продажбата на нови автомобили во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

По неколку месечни падови и незначителни зголемување, продажбата во Германија конечно забележа сериозен пораст, покажуваат официјалните податоци. Според KBA (Motor Transport Authority) продажбата на нови автомобили во јули во Германија забележа пораст за 4,7% проследено со зголемување на продажбата на автомобили со дизелски мотор за 7%.

Најголем процентуален пораст на продажбата забележа Tesla и тоа од 405,3% односно во јули, американскиот производител на пазарот во Германија испорча 607 нови автомобили. Одличен пораст забележа и Lexus со процентуален пораст од 32,8%, Volvo од 28% и BMW од 10,5%.

Од друга страна, најголем процентуален пад на продажбата забележа Alfa Romeo и тоа од 37,1% продавајќи само 354 нови автомобили во јули. Намалување на продажбаа забележаа и Audi, Citroen, DS, Nissan, Porsche, Renault, Subaru, Mitsubishi, Jeep и Volkswagen.