Комбинација на алкохол и волан: Со Mitsubishi влета во базенот на комшијата

ОБЈАВЕНО НА:

Возач на Mitsubishi Lancer e уште еден доказ дека комбинирањето на алкохол и волан знае да биде лошо.

Овој возач од сојузната американска држава Тексас, чие име не е објавено во јавноста завршил во базенот на комшијата откако изгубил контрола врз своето возило.

Комшиите веднаш му помогнале на возачот, но и повикале полиција која утврдила дека возачот возел по дејство на алкохол.

Auto u bazenu

За среќа во настанот не е никој повреден, а причината е само материјална штета од неколку илјади американски долари. Оваа штета ќе мора да ја плати возачот кој остана без возачка дозвола, но со пријава за возење под дејство на алкохол и загрозување на општата безбедност.

Среќа што завршил во базен, без да повреди некој друг, и среќа што соседите веднаш му помогнале да излезе, и да не остане заглавен внатре. Алкохолот секогаш е лош сопатник во автомобилот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK