Колку заработува BMW по продаден автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Германската компанија најави дека планира да ги задржи цените стабилни по неколку години зголемени трошоци за производство што мораше да ги пренесе на клиентите.

BMW ги објави и финансиските резултати за изминатата година, а се истакнува е маржата од 8,6 отсто во продажбата на автомобили и заработката која достигна 23,5 милијарди евра во 2022 година пред оданочување.

Финансискиот успех на баварскиот гигант го почувствуваа и акционерите на компанијата, на кои им беше исплатена дивиденда од 8,5 евра по акција, што е многу повеќе од 5,8 евра една година претходно.

BMW неодамна ги објави своите планови за иднината и по тој повод ги сподели финансиските очекувања за 2023 година, но најави и значително забрзување на електрификацијата на својата гама.

Баварскиот производител на автомобили очекува маржа од 8 до 10 проценти за својот автомобилски сегмент во 2023 година и најави дека планира да ги задржи цените стабилни по неколку години зголемени трошоци за производство што мораше да ги пренесе на клиентите.

BMW има нето добивка од 8 до 10 илјади евра на еден продаден автомобил кој чини 100.000 евра. Овој огромен профит се користи за електрификација на гамата, а германскиот производител изјави дека транзицијата кон целосно електрични автомобили се одвива побрзо од очекуваното и дека секој четврти продаден автомобил на BMW се очекува да биде електричен до 2025 година.

„BMW очекува да достигне удел на електрични возила од повеќе од 50% долго пред 2030 година“, се вели во соопштението на баварската компанија.

Производителот од Минхен очекува растот на продажбата на електрични возила малку да забави оваа година. Според најавите на BMW, секој четврти продаден автомобил од оваа компанија ќе биде електричен до 2025 година, а секој трет до 2026 година, што е амбициозен скок од минатата година, кога 1 од 11 продадени автомобили беше исклучиво електричен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK