Кои се најбезбедните земји за возење, а кои најлошите

ОБЈАВЕНО НА:

Последната студија спроведена од страна на американската компанија Zutobi, која е спрецијализирана за образување за безбедноста во сообраќајот на патиштата и во обучување на возачите зборува за тоа кои се најсигурните, а кои се најопасните земји за возење.

На листата има 53 земји од светот, а при анализите како показатели се земаат: ограничување на брзината на автопатиштата, користењето на безбедносниот појас, ограничувањето на количеството алкохол во крвта и степенот на смртност во сообраќајот. Така е изработена листата на десетт најопасни и десетте најсигурни земји во светот.

Од нашето соседство на листата ги има: Албанија, Грција, Србија и Бугарија, а во поширокот опкружување и БиХ, Хрватска, Турција, Романија, Унгарија, Словенија….

10-те најопасни земји за возење
Најопасна земја за возење е Јужна Африка, која има многу низок безбедносен индекс, само 3,41 поени од 10. Се проценува дека во оваа земја има 22,2 смртни случаи во сообраќајот на 100.000 жители, а само 31 отсто од патниците на предните седишта се врзани со безбедносни појаси.

Втора земја на листата на најопасни е Тајланд со само 4,35 поени. Тоа е затоа што има една од најниските стапки на користење на безбедносните појаси, но и фактот дека мотоциклите се главното транспортно средство што се користи во земјата.

Додека Јужна Африка и Тајланд се уште се земји во развој, третото место на листата го зазема САД, кои добија само 5,03 од 10 поени. Причината за ова е што 29 сообраќајни жртви се припишуваат на алкохол, што е бројка што се совпаѓа со границата на високата концентрација на алкохол во крвта што ја забележале возачите таму: 0,08 проценти.

10 најбезбедни земји во светот за возење
Од друга страна, водечката земја по безбедност е Норвешка, со оценка 8,20 од 10. Оваа нордиска земја има многу ниска стапка на смртност во сообраќајот, а употребата на безбедносниот појас е широко распространета, што ги објаснува добрите резултати.

Втора најбезбедна земја за возење е Исланд со 8,05 поени. Интересно е што во оваа земја ограничувањето на брзината е поставено на 90 km/h, што е очигледно пониско од просекот на земјите кој е 120 km/h.

Третото место меѓу најбезбедните е Естонија, која постигна 7,90, благодарение на една од највисоките стапки на употреба на сигурносни појаси (97,3 проценти), додека границата на концентрација на алкохол во крвта кај возачите е една од најниските: 0,02 проценти. По нив следат Јапонија и Молдавија со оценки 7,88 и 7,73, што значи дека четири од петте најбезбедни земји во светот се на Стариот континент или осум од десет …

Целосната листа погледнете ја тука

 

Во Македонија се фалиме дека безбедноста на патиштата се подобрува – ама каде сме на светските и европски листи

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK