Кога имаш среќа: Си купи куќа, си најде Ferrari во гаража (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Практиката која ја имаат Американците за да купуваат имоти „на слепо“ му се исплатеше на еден купувач на куќа во Беверли Хилс.

Тој доби одличен бонус бидејќи си пронајде подарок во гаражата.

Човекот учествувал на аукција за имот без право на прелиминарно гледање на имотот. Сепак, ризикот бил целосно оправдан со она што успеал да го открие во гаражата.

Откако завршило наддавањето, новиот сопственик се упатил кон куќата, која била поранешно собиралиште на студентско братство.

Поголемо изненадување, сепак, се криело во гаражата каде што собирало прав Ferrari 308 GTSi од 1984 година.

Автомобилот не е во добра состојба во однос на некој други возила пронајдени во гаражи.

Од страната на возачот има траги од удар, а следувале и обиди за ремонт. Недостасуваат предниот браник, десниот фар и други елементи на автомобилот.

Генерално ова возилот е оригинално Ferrari и има поминато 30.000 милји (48.270 километри).

Тоа очигледно било доволно за ретро автомобилскиот клуб во Беверли Хилс кој го откупил автомобилот, кој сега се продава за 38.000 долари (33.520 евра).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK