Крај за загадувачите: Нов тип на камери, откриваат ако возите без филтерот на дизел моторите

ОБЈАВЕНО НА:

Белгија планира да воведе таканаречени зелени камери кои ќе откриваат загадување на возилата и ќе помогнат во нивното отстранување од сообраќајот. Неодамна е завршено експерименталното испитување на речиси 200.000 возила.

Според Владата на Белгија многу возачи не ги менуваат филтерите за тврди честички на дизел моторот кога ќе се расипе. Тие го острануваат и возат без него. Белгија сака да ги процесира овие измами и сега заврши низа на тестови со еколошки камери.

Истрагата која ја нарача Зухал Демир, фламанскиот министер за животна средина, покажува дека мала група на возачи нанесува голема штета на околината.

За истражување е користена иновациска програма за мерење со сензори на јавен пат на различни места во Фландрија. Така беа измерени емисии на 200.000 возила во минување. Зелените камери во почетокот ќе се користат во Брисел и во пристаништето во Антверпен. Засега нема фотографија од новите камери, но се очекува наскоро да бидат видени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK