Кинезите „збудалеа“ по автомобилот што штити од коронавирус

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот и најпознатиот кинески производител Geely објави дека примил 30.000 нарачки за најновиот SUV модел кој се базира на Conept Icon претставен во 2018 година.

Моделот Icon е дизајниран во Барселона, развиен во Калифорнија, а целосно ќе се произведува во близина на Шангај.

Овој модел доаѓа со напредна и интелигентна технологија, а под хаубата е опремен со 1,5 турбобензински мотор во комбинација со 48 волтен милд-хибрриден систем.

Она што остава впечаток е тоа што ова возило доаѓа со заштита од коронавирусот. Станува збор всушност за интелигентниот издувен систем односно филтри кои се дел од IAPS системот (Intelligent Air Purification System).

Овој систем овозможува да се изолираат и елиминираат елементите во кабината вклучувајќи бактерии и вируси како коронавирусот.