Kia Stinger или ќе биде електричен или нема да има наследник

ОБЈАВЕНО НА:

Stinger е моделот кој стравува во моментов за својата иднина во понудата на Kia.

Слабите продажни перформанси се причината поради која во јужнокорејскиот производител се размислува околу прекин на понатамошниот развој на моделот. Тоа значи дека можно е да не биде претставена втората генерација од овој модел.

Во Европа, Kia минатата година продаде 3.820 примероци од овој модел додека во САД 16.806 примероци. Сепак ова е под очекувањата на Kia, особено поради лошите продажни перформанси во првата половина од годината.

Сепак, доколку се случи да се лансира втора генерација од моделот таа ќе биде електрична со што Kia ќе парира на спортските електрични автомобили во најава.

За прв пат овој модел во понудата на Kia се најде во 2017 година. Дизајнот е дело на Петер Шрејер и Грегори Гиљом, а производството на овој автомобил во моментов се спроведува во Јужна Кореа и Русија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK