Kia реши: Seltos и K5 нема да се продаваат во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Иако Европа важи за стратешки пазар, сепак се чини дека за Kia далеку поважен е американскиот. Ова може да се заклучи откако и официјално беше потврдено дека моделот Seltos и K5 (Optima) нема да се продаваат на европско тло.

Ова го потврди раководителот на европската дивизија на Kia, Емилио Херера кој за медиумите наведе дека новиот компактен кросовер Seltos не е развиен за европскиот пазар.

Тоа значи дека во 2020 година во понудата во Европа во однос на SUV моделите, Kia ќе настапи со Stonic, Sportage и Sorento.

Seltos кој на глобалната понуда се позиционира помеѓу Soul и Sportage, во САД доаѓа како конкурент на Nissan Rogue Sport, Jeep Compass и Ford EcoSport.

Истото важи и за неодамна промовираниот модел K5 односно Optima кој ќе биде понуден само во Источна Азија и САД.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK