Kia произведе 3 милиони возила во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Делот на Kia Motors Manufacturing Georgia (KMMG) во САД објави дека компанијата стигнала до уште поголем проиводствен успех откако во комплексот бил склопен претставник на брендот со реден број 3.000.000, моделот Telluride SX Prestige верзија 2020 година.

„Производството на три милиони автомобили за помалку од десет години е уште еден пример за нашата посветеност и филозофија на One System, One Team“, вели Џејсон Шин, кој е претседател и извршен директор на KMMG.

„Квалитетот на светско ниво, кој го нуди секој Telluride, Sorento и Optima, кој го произведуваме е директен резултат на сериозна работа и предаденоста на нашите работници и денес ние ги пофалуваме за нивната одлична работа“, додава Шин.

Производствениот дел на KMMG на KIA е факт благодарение на инвестицијата во размер на повеќе од 1,1 милијарди долари од страна на компанијата мајка и во моментов одговара за склопувањето на повеќе од 40% од сите автомобили на KIA, кои се продаваат на територијата на земјата на неограничени можности.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK