Kia Picanto потфрли на јужноамериканскиот краш тестот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Она што е Euro NCAP за европскиот континент тоа е Latin NCAP за земјите од Латинска Америка. Токму на последниот тест на Latin NCAP се најде Kia Picanto.

Овој мал градски автомобил на јужнокорејскиот производител целосно потфрли на истиот и не освои ниту една ѕвезда.

Овој автомобил освои скор од 0% во поглед на безбедноста на возачот, а само 7% во однос на безбедносната асистенција. Најдобар скор освои во безбедноста на пешаците, 51%, додека во поглед на безбедноста на децата на задната клупа 29%.

Краш тестот можете да го погледнете во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK