Kia на маки во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Проблеми за Kia во САД – ќе мора да повлече речиси 300 илјади автомобили од пазарот во САД, нареди NHTSA.

Според американската организација, при спроведени истражувања утврдено е дека моторите во одреден момент може да се изгаснат, па дури и да се запалат.

Оваа вест доаѓа само некоја недела откако американската влада парично ги казни Hyundai и Kia поради одложување на повлекувањето на возила.

Според извештајот, јужнокорејскиот производител ќе мора да повлече илјадници примероци од моделот Sorento произведени во 2012 и 2013 година, Forte произведени помеѓу 2012 и 2015 година како и Optima, Sportage и Soul.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK