Kia Motors забележа пораст од 5,1% во јули

ОБЈАВЕНО НА:

Од Kia Motors објавија дека продажбата на автомобилите од брендот на глобален план во текот на минатиот месец достигнале ниво од 230.878 единици, што претставува зголемување за 5,1 процент во споредба со јули во 2017 година.

Коментарите велат дека на меѓународните пазари има зголемување на реализацијата од 4,4 проценти до ниво од 183.878 единици, додека побарувачката на Sportage се подобри за 31% до 38.704 единици. На домашниот пазар брендот запишува успешен пораст во јули од 7,8% односно продажба на 47.000 возила.

Најпродаваното возило во минатиот месец на Kia Motors на глобален план е Sportage (41.949 примероци), а потоа следуваат Rio со 26.086 и Sorento со 24.837.

Од Kia Motors очекуваат солидно продолжување на позитивниот тренд на бизнис развојот и во текот на втората половина од годината и посочуваат дека цeлосно новото Forte претстои да биде лансирано на основните пазари, а во тоа е вклучена и Северна Америка

Следете не и на:

24AUTO NETWORK