Кен Блок и новиот F-150 Raptor во пустина (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Ѕвездата од САД, Кен Блок демонстрираше дека е подготвен да превземе нови територии, а повторно тоа ќе го направи со автомобил на Ford и тоа во возило од сосема случаен проект, направено на серискиот F-150 Raptor.

Пикапот за офроуд возење беше подготвен уште на почетокот на годината, но Блок и неговиот тим едвај сега успеаја да ги објават деталите во видео за промените на автомобилот и објаснуваат во детали за идеите кои се вложени во автомобилот.

Треба да се напомене дека Блок одлично ги користи готовите патеки за подесување, како решенијата на SVC Offroad, наменето за F-150 Raptor и додава свои идеи, реализирани од колегите од SVC. Тоа решение е повеќе од логично. Тоа решение е повеќе од логично кога ќе се има предвид одличната работа завршена од SVC на претходниот пилот пикап– Raptor TRAX.

Речиси секоја важен елемент на бордот на пикапот бил променет, вклучително и моторот – V6 моторот со две турбини е со нови поставки, нов интеркулер и уште неколку доработки, кои завршуваат со новиот издувен систем од нерѓосувачки челик. Сепак, зголемувањето на моќноста е строго под контрола, од 450 до 550 коњски сили.

Нешто, кое исто така е типично за автомобилите на Блок, кај овој F-150 Raptor брзо се стекнува повеќе застрашувачки изглед, главно преку употреба на нов преден и заден браник и други елекемтни за подесување на надворешноста, кои исто така доаѓаат од SVC Offroad.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK