Ќе стане ли BMW американски производител?

ОБЈАВЕНО НА:

BMW е европскиот производител кој најмногу профитираше на американскиот пазар минатата година. Тоа може да се заклучи по неколку параметри: вкупната продажба на овој пазар, приходите и годишното производство во САД.

Токму ова последното е она што може да го направи BMW американски производител.

Минатата година во фабриката во Јужна Каролина, BMW произведе 411.620 автомобили што претставува за 15% повеќе во однос на претходната година. Со тоа продолжува трендот на зголемување на производството, а доколку продолжи со оваа стапка и натаму, тогаш Германија би може да го изгуби овој бренд како национален.

А за тоа треба малку. BMW минатата година го објави својот план за идни активности во оваа земја кој предвидува нови фабрики, зголемување на производствените капацитети како и вкупното годишно производство.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK