Ќе си загадуваме и понатаму: ПОЦ го укина бесплатното паркирање за електрични и хибридни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Ако решите да имате електрично или хибридно возило и сметате дека во Скопје ќе имате некои повластици, тогаш ќе треба да се откажете од можноста бесплатно да паркирате на територијата на Општина Центар. Според информацијата на Здружение за промовирање на електрични возила ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ Скопје ваквата одлука била донесена уште во август 2022, и ваквата бенифиција престанува да важи од 1 октомври 2022 година.

„На седницата на Управниот одбор на ПОЦ од 22.08.2022 година донесена е промена на Правилникот за начинот и постапката за издавање на повлестена паркинг карта за јавните паркиралиша со наплата во кој постоечкиот член 37 (ПКЕХ – Паркинг карта за сопственици на електрични или хибридни возила) е целосно укинат, па со тоа и ваквата бенефиција веќе не постои со важност од 01.10.2022. Сите оние кои успеале да ја продолжат паркинг картата за своите електрични или хибридни возила пред овој датум ќе може да ја искористат до крајот на важноста на истата, се вели во известувањето на Електромобилност Скопје.

Според нив, во време кога цела Европа креира политики и наоѓа начин како да го замени стариот возен парк на фосилни горива со мотори на електричен погон преку разни стимулативни методи (бесплатни патарини, бесплатни паркинзи, намалени трошоци при увоз на возилата, намалени трошоци за регистрација), закони и сл. во нашата држава се укинува и тоа малку што беше овозможено како бенефиција за сопствениците на „зелени“ возила.

Од здружението велат дека се обратиле до ПОЦ со прашања: Од која причина електричните возила се изземени за повластена паркинг карта во рамки на Општина Центар, и Колкав број на повластени паркинг карти се издадени од страна на ПОЦ во 2020, 2021 и заклучно со 08.2022 година за сопственици на електрични и хибридни возила

Во одговорот на ПОЦ се вели дека електричните возила се изземени од повластени паркинг карти за територијата на Општина Центар од причина што расположивиот капацитет на паркинг места во јавните паркиралишта на територија на Општина Центар – Скопје со кој стопанисува ЈП ПОЦ е оддамна надминат и не ги задоволува потребите на жителите резидентни корисници на истите.

А согласно нивната евиденција, за периодот 2021/2022 година се издадени околу 400 повластени паркинг карти ППК-ПКЕХ од кои 386 ППК-ПКЕХ сеуште се активни, а нивната важност ќе истече до 01.10.2023 година.

Повластената паркинг карта за електрични и хибридни возила ја овозможиле само 4 општини во Македонија покрај Општина Центар. Тоа се Струмица, Битола и Охрид.

Здружението на 15.12.2022 г. упатило и допис до Градоначалникот на Општина Центар г-дин Горан Герасимовски за да го запознае со ваквите непопуларни мерки кои се превземени од страна на Јавното Претпријатие во надлежност на Општина Центар, но воедно и да предложиме дополнителни мерки како би можело Општина Центар да продолжи и понатаму во стимулирање на електромобилноста и да продолжи да биде пример за останатите општини во Македонија, како и пред 22.08.2022 година. Но, се уште нема одговор од Градоначалникот Герасимовски.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK