Ќе се повлекуваат илјадници возила Fiat 500

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) објави соопштение во кое се наведува дека компанијата ќе започне со повлекување на околу 72.000 автомобили од моделот 500s на Fiat.

Причината за ова повлекување лежи во оштетената изолација на кабелот на менувачот кој доколку е изложен на повисока температура и влажност може да предизвика одвојување на кабелот од трансмисијата. Доколку се случи тоа, менувачот нема да може да се префрли во саканата брзина, а при тоа може да има проблем и кога е активиран модот за паркирање.

Спорни се сите произведени примероци од овој модел во периодот од декември 2010 до јануари 2013 година, а се опремени со автоматски менувач.

Најголем дел од наведените автомобили се дистрибуирани во САД, а само 6.826 од нив се наоѓаат надвор од САД.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK