Ќе се плаќа паркирањето во Карпош

ОБЈАВЕНО НА:

Слично како и во Центар и во Аеродром и во општина Карпош ќе има зонско паркирање, но само во некои негови делови. Ова се однесува на населбите Карпош 1 и Карпош 2 откако мнозинството жители на јавната анкета се изјасниле позитивно по ова прашање.

Од Општина Карпош велат дека и во рамките на онлајн анкетата за креирање на буџетот за наредната година, граѓаните како проблем го посочуваат недостигот на паркинг места.

„Локалната самоуправа во текот на 2020 спроведе анкети во Карпош 1 и Карпош 2, како населби кои се најзасегнати од ова прашање. Доминираат одговори за воведување на зонско паркирање, по што во тек се координативни активности со ЈП ‘Градски паркинг‘ за спроведување на регулација на паркингот“, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Нема информација каде точно ќе биде воведено зонското паркирање, но сигурно е дека ќе го има во околината на познатиот шопинг центар Ситимол каде граѓаните од околните згради и улични постојано се жалат на немањето паркинг простор, а пајак службата на градот нон-стоп патролира и ги подигра возилата што се непрописно паркирани.

Најмногу ќе настрадаат оние што ќе сакаат да одат на гости кај своите пријатели и роднини. Ќе треба да не се опуштаат во седењето, бидејќи паркингот ќе ги чини повеќе од кафето и подарокот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK