Ќе се национализира ли Renault?

ОБЈАВЕНО НА:

Француските медиуми сé се погласни околу идејата за национализација на Renault. Ова следи откако раководството на компанијата веќе еден месец се обидува да ја врати финансиската ликвидност и стабилност на компанијата.

Владата на Франција веќе поседува 15,01% од акциите на Renault Групацијата. Претходно, Министерото за економија најави дека доколку сака да добие државна помош, Renault ќе мора да ги исполни строгите барања вклучувајќи забрана за отпуштање на работници во француските фабрики и забрана за затворање на било која фабрика на територијата на Франција. Во спротивно, се закани со национализирање на компанијата.

Сепак и покрај добиената државна помош од 5 милијарди евра, францускиот производител се соочува со потешкотии во репрограмирањето на трошоците и надминувањет на финансиската криза.

Жан Доменик Сенард, првиот човек на Renault изјави дека се во постојана комуникација со Владата, но и дека во моментов не се дискутира за национализација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK