Ќе биде хит: За еден ден 20.000 резервации за електричниот Ford F-150

ОБЈАВЕНО НА:

На 19 мај Ford ја претстави целосно електричната верзија на моделот F-150 кој доаѓа со додавката Lightning.

За време на премиерата Ford го означи стартот и на примање нарачки, а по само еден ден бројката е повеќе од импресивна. Американскиот производител објави дека само во првите 12 часа на нивна адреса пристигнале 20 илјади резервации.

За резервација потребно е да се плати и депозит од 100 американски долари што значи дека за 12 часа инкасираше 2 милиони долари.

Производството на F-150 Lightning почнува следната пролет во целосно новиот комплекс Ford Rouge центарот. Овој модел, засега ќе биде дел само од американската понуда на Ford.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK