Карамбол со 28 возила – бројни повредени и неколку мртви (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Фатална сообраќајна несреќа се случи во САД. Како што прецизираат локалните весници, во близина на грдот Денвер во сојузната држава Колорадо во сообраќајната несреќа учествувале 28 возила.

Се започнало кога 23 годишниот Рохел Лазар Агилера Медерос возејќи товарно возило удрило во неколку возила што предизвика верижен судар во кој учествувале вкупно 28 возила.

Истекувањето на горивото предизвика пожар, а голем дел од лицата кои се најдоа во возилата беа тешко повредени. CNN пренесува дека Дарин Бартон успеал навреме да извлече три лица со што нивните животи се спасени.

Локалната полиција пренесува дека Рохел Лазаро е уапсен и во моментов се наоѓа во притвор додека истражните органи ги собираат доказите за несреќниот настан.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK