Камион на гас направи рекорд, со едно полнење помина 1728 километри

ОБЈАВЕНО НА:

Камионот Stralis NP, кој е создаден во фабриката на IVECO, го мина растојанието од Лондон до Мадрид со замо едно полнење, а со тоа постави рекорд од 1728 километри. Порано истиот модел имаше постигнување од 1600 километри.

Чудовиштето со мотор на гас успеа да довлече 30 тони без притоа да има забавување на патот кон крајната дестинација.

Камионот тргнал од Лондон со полн резервоар и запирал за полнење со гориво во Мадрид, два и пол дена подоцна. Интересно е што мотор на гас исфрла 15 проценти помалку јаглерод диоксид, а нема никакви тврди честички. При полнењето со биометан може да се намалат емисиите на јаглерод диоксид за 5% од средната граница. Stralis NP се нуди во четири верзии: на две тркала 4х2 или 6х2 и моќност на моторот од 400 или 460 коњски сили.

Кога ќе се земат предвид резултатите, станува јасно дека природниот гас станува сè поприфатливо гориво за големите логистички компании особебо во Европа каде еколошките правила понекогаш ставаат не само забрани туку и дополнителни даноци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK