„Калашников” ќе покаже летечки автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата „Калашников“ се подготвува за голем проект во кој концернот се очекува да покаже функционален летечки автомобил кон крајот на годината. Ова го објави генералниот директор на компанијата, Владимир Дмитриев.

Според менџерот, летечкиот автомобил при доволно голема побарувачка ќе може да се користи за такси услуги, но ќе треба да се реши прво законската основа.

Во 2017 година, „Калашников“ демонстрираше прототип на едносед летечки мотоцикл, но според зборовите на Дмитриев оттогаш наваму машината има еволуирано. Во моментов сериското производство е попречено единствено ов воздушните закони.

„Првпат слушаме за конкретна побарувачка и ни треба решение кое ќе ни овозможи транспорт на луѓе по воздушен пат во мали градови со многу населекние“, коментира Дмитриев

Следете не и на:

24AUTO NETWORK