Како се докажува квалитетот: Од Кина до Германија со Aiways U5

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе неколку пати имаме пишувано за амбициозните кинески производители кои својата иднина ја гледаат на европскиот и американскиот пазар. Иако на прв поглед сеуште се далеку од освојување на европскиот пазар, одредени кинески производители ги прават првите чекори.

Како вовед во настапот на европскиот пазар, кинескиот производител Aiways кој се појави минатата година започна со реализација на интересно авантуристичко патување од Кина па се до Германија и тоа со електричниот SUV U5 кој е воедно и првиот модел на оваа компанија.

Со овој автомобил ќе се поминат 14.231 километар, а ќе биде пропратен со конвој составен од најразлични инжинери кои постојано ќе ги следат перформансите и кондицијата на автомобилот. Овој конвој ќе вози на најразлични терени вклучувајќи ја и пустината Гоби, а ќе помине и низ Казахстан, Русија, Финска, Шведска, Норвешка, Данска пред да стигне до крајната дестинација.

Европската саемска премиера ќе ја има на саемот во Франкфурт оваа есен, а во продажба во Европа ќе се појави во април следната година.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK