Кaко Rеnаult, Nissаn и Mitsubishi cи го поделија светот?

ОБЈАВЕНО НА:

Компаниите Rеnаult, Nissаn и Mitsubishi, кои припаѓаат кон еден сојуз, ги поделија земјите низ светот во кои ќе ги продаваат своите производи, а целта на оваа операција е да не си пречат меѓусебе во бизнисот.

Сојузот Rеnаult-Nissаn-Mitsubishi собра голем број на негативности, кои почнаа со апсењето на поранешниот шеф Карлос Гон и продолжуваат со пандемијата на коронавирусот. Францускиот финансиски министер се сомнева во способноста на Renault да се справи со кризата без многу милијарди државни субвенции.

Покрај тоа францускиот автомобилски производител планира да се ослободи од некои модели за да ги минимизира трошоците. Сега раководството на Алијансата објави нова бизнис стратегија, која треба да помогне во надминувањето на тековната економска криза.

Се воведува нов принцип на „лидер-следбеник“, кој ќе се однесува на автомобилите од сојузот. Во секој сегмент на алијансата ќе има еден „основен“ модел и неколку поврзани автомобили развиени од „водечката“ компанија со поддршка на „следбениците“. Новиот бизнис модел ќе ги намали инвестициите во развојот на нови производи за 40%. Според друга нова стратегија, секоја компанија од сојузот треба да се концентрира на еден или повеќе клучни региони. Тоа треба да ја зголеми конкуренцијата на брендовите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK