Како Ford од автомобили почна да произведува маски и заштитници за лице (Виде/Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилските компании веднаш почнаа да ги пренаменуваат своите производни капацитети и да ја произведуваат потребната медицинска опрема во борбата против коронавирусот. Многу производители најавија дека ќе се вклучат во производство, некои н амаски, некои кревети, некои респиратори, некои само делови, но сите со иста цел – да се победи побрзо вирусот. Последните што објавија се Ford и FCA.

Американски Ford во парнерство со 3М и GE Healtcare работи на моќни респиратори. Како дел од таа соработка е развиен нов респиратор што користи делови од двете компании.

Користејќи ги надворешните компонентите како што се вентилаторите оние што обично се користат за вентилираните седишта во моделот F-150, компаниите се надеваат на брзо производство. Од Ford велат дека може да се направи нов респиратор во погоните во Мичиген од работниците во UAW и ова може да му помогне на 3М да го засилат десеткратното производство.

Партнерството со GE Healtcare се фокусира на поедноставена верзија на постојниот вентилатор на компанијата. Компаниите не кажуваат многу за тоа, но потврдија дека вентилаторите може да се прават во фабриката на Ford, но и во онаа на GE.

Последно, но не и најмалку важно, Ford испорачува транспарентни штитови со полно лице за медицинските работници. Првите 1.000 парчиња ќе бидат тестирани во болниците во Детроит Мерси, Хенри Форд и Медицинскиот центар Детроит Синај-Грејс во Мичиген.

Оваа недела ќе се произведат приближно 75,000 штитови за лице и Ford очекува да може да направи повеќе од 100.000 неделно во нивната подружница Троја Дизајн во Плимут, Мичиген.

Ford исто така им помага на болниците да ги добијат хируршки маски N95 кои се во недостиг. Како дел од овој обид, тие се посветија да направат и испратат 40.000 хируршки маски.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK