Како да се осигурате дека вашето дете не лудува со автомобилот?

ОБЈАВЕНО НА:

Можете да добивате известување кога автомобилот се движел со поголема брзина од дозволеното, кога забрзувал нагло, кога имало опасно сопирање и во реално време да знаете каде се наоѓа и со која брзина се движи.

Вашето дете штотуку се здоби со возачка дозвола и почнува да го користи вашиот автомобил. Но, сакате да знаете дали тоа додека го користи се придржува до сообраќајните прописи, не лудува и истовремено да имате увид каде се движи. Постојат многу начини како да дознаете каде е возилото, дали ги почитува правилата, колку гориво ставило. Но, најдобро е доколку воспоставите систем на доверба.

Вие да имате доверба во возачот, а тој да се однсеува согласно правилата. Но, ако сакате сепак на почетокот да бидете сигурни дека се е како што треба најлесно е да поставите ГПС систем. Со него во секое време ќе знаете се за возилото и може дури и да добивате известувања а повеќе настани ( судар, грубо забрзување, пречекорување на брзина …)

Некои родители веќе го користат овој систем.

„Првенствено го поставив за да можам превентивно да делувам на синот кој штотуку положи за возачка и сега повремено го користи моето возило. Сакам да му укажам да не вози луди, да не ги прекршува прописите, да не влегува во ситуации кога може да го загрози сопствениот и животот на другите патници. Системот што го користам е многу едноставен, а пред се корисен. Во секое време знам каде е возилото, и добивам известувања дали возел над дозволеното, дали забрзувал, до која брзина, дали имало нагло сопирање. Потоа следува едикативниот дел, кој мислам дека е најдобар, да му се објасни зошто не треба така да се вози. Знам дека тинејџерите сакаат да се покажат пред другарите, пред девојките, но управување според прописите е многу важно, вели родител кој веќе неколку месеци користи ваков систем.

Системот не е новост, го користат многу компании, но со други параметри. Тоа е пред се за транспортните компании и оние што се занимаваат со дистрибуција. Но, се повеќе родители за заинтересирани за него, зошто е можност да знаат како се однесува нивното дете додека вози.

„GPS ( Глобалниот систем за позиционирање ) е систем за радионавигација базиран на сателити која обезбедува геолокација на објект или возило во дадено време било каде на земјината топка. ГПС решение е систем составен од хардвер и софтвер, каде што хардверот кој е поставен во возилото, генерира позиции на возилото во одредени временски интервали и преку СИМ картичка испраќа податоци на сервер. Истите податоци за позициите за возилото се користат во апликација за прикажување на низа параметри за возилата.
ГПС системот ни овозможува да ги следиме моменталните позиции и сите движења на возилата, статус на возилата, реконструкција на движењата како и да направиме анализа на начинот и правилноста на управување со возилата, вели Горан Паунков од ИНС компанија ( Интелегент Нетворк Солушн) што се занимава со поставување вакви системи.

Системот се монтира во внатрешноста на возилото и воопшто не е воочливо. Во секое време корисникот (родителот) има можност преку апликацијата што ќе ја инсталира на неговиот мобилен телефон да знае каде е возилото, со која брзина се движи и тоа во реално време. Се добива детален извештај за движењето.

Системот е интересен бидејќи може да се внесат и многу други податоци во зависност од потребите, па дури и потсетување кога е регистрацијата на возилото, кога доспева рата за кредитот или лизингот, кога е време за сервис…

Може да се користи во Македонија, но и во странство. Сепак првенствено е наменет за Македонија, а ако сакате да го користите и во странство треба да се направат некои модификации.

Еден од условите да го поставите системот е автомобилот да биде на ваше име, за да се избегнат правните непријатности. Без согласност на сопственикот не може да биде инсталиран.

Интелегент Нетворк Солушн се наоѓа во Скопје, и можете да ги контактирате на www.ins.com.mk или на телефон 075 20 24 20

 

Положивте за возачка: Сепак овие работи нема да смеете веднаш да ги правите

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK