JLR одложува неколку новитети поради коронавирусот

ОБЈАВЕНО НА:

Jaguar Land Rover (JLR) одложува неколку новитети кои беа најавени за оваа година, а причината за оваа одлука е пандемијата на коронавирусот која никако да стивне.

Оваа вест ја потврдија шефовите на британскиот производител кои открија дека периодов требаше да се појави електричниот Range Rover како и електричниот Jaguar XJ.

Според Адриан Мардели, шефот за финансии на JLR, овие два модели требаше премиерно да бидат претставени минатиот месец, но премиерата е презакажана и најверојатно ќе се одржи во ноември или декември, а при тоа не се исклучува уште едно одложување.

Инаку двата автомобили се базирани на новата MLA платформа, па оттука архитектонски и механички се очекува да бидат многу слични. Повеќе детали околу технолошките карактеристики треба да се објават во наредниот период.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK