Jeep со тизер за Grand Wagoneer – премиерата на 11 март

ОБЈАВЕНО НА:

Со кратко тизер видео објавено на својот YouTube канал, Jeep ја најави премиерата на продукциската верзија на моделот Grand Wagoneer. При тоа, премиерата ја закажа за 11 март и истата ќе биде од он-лајн карактер.

Премиерата доаѓа откако во септември минатата година беше претставен концептот Grand Wagoneer за кој беше најавено дека ќе го наследи истоимениот модел кој се произведуваше во периодот од 1984 до 1993 година.

Новиот модел уште ова лето ќе започне да се произведува во Детроит, Мичиген, а на американскиот пазар доаѓа како конкурент на Cadillac Escalde и Lincoln Navigator. Покрај на северноамериканскиот пазар, овој модел ќе биде дел од глобалната поуда на Jeep.

Засега е потврдено дека во понудата ќе биде достапен со 3,6 литарски бензински V6 мотор и 5,7 литарски V8 мотор. Покрај ова ќе биде понудена и плаг-ин хибридна и електрична верзија.

Инаку овој модел забележа огромен успех во периодот од 1963 до 1991 во кој и се произвеудваше и продаваше во САД. Сега од FCA се убедени дека овој успех ќе биде повторен и во следните години, како во САД така и во Европа каде за прв пат ќе дебитира.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK