Јапонски Toyo ќе гради фабрика за гуми во Србија

ОБЈАВЕНО НА:

Србија станува интересна за автомобилската индустријата и пратечката индустрија. Последната вест од нашиот северен сосед вели дека Јапонската компанија за гуми Toyo објави на својата веб-страница соопштение во врска со изградбата на фабрика во Србија.

Во соопштението се вели дека планот е да се формира филијала во Република Србија и да се изгради нов погон за производство на гуми во Инџија. Понатаму, се наведува дека Toyo денес снабдува гуми за европскиот и рускиот пазар од фабриките во Јапонија и Малезија, и дека од 2022 година нова производствена база во Србија треба да игра клучна улога во овој поглед.

Toyo ќе започне со изградба на фабриката во Србија во мај 2020 година, а треба да започнува со производство на гуми во јануари 2022 година, со капацитет од пет милиони гуми годишно до летото 2023 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK