Jaguar Land Rover со лесни метали за тежок терен

ОБЈАВЕНО НА:

Лесните метали и делови ја намалуваат тежината на автомобилите и на тој начин ја зголемуваат енергетската ефикасност. Сега Jaguar Land Rover тестира дали ваквите материјали можат да издржат и на тежок терен. Како дел од двогодишниот проект под раководство на Здружението на алуминиумската индустрија (GDA) со седиште во Дизелдорф, компанијата сака да стекне технологии од аеровселенската индустрија за да придобие знаење за тоа како новите материјали можат да реагираат на корозивните средини и најтешките услови на секојдневието, носивоста.

За таа цел се користат проби од нови материјали, легури од лесни метали и композитни материјали, контролирани од сензори, кои одговараат на строгите стандарди на авијациската индурстрија и после тоа се изложени на најтешките услови на околната средина и маршрута во светот при тестирања со вкупна километража од 400.000 километри во Северна Америка.

Сензорите непрекинато ја мерат ефективноста на материјалите и ќе ги споредлуваат податоците со тимот за развој на Jaguar Land Rover во Велика Британија. Со помошта на овие податоци инженерите ќе можат на примера да го предвидат односот на корозијата на материјалот и да ги оценат можните употреби на новите лесни компоненти во идните производствени серии – или како што велат Британците: „секогаш при услови, дека одговараат на сопствените стандарди за квалитет и издржливост на комапнијта“.

Истражувачката програма под раководството на GDA, конзорциумот на производители на алуминиум и автомобилски производители, кои ја истражуваат долготрајноста на амтеријалите и како тие можат да бидат направени полесни и посилни во исто време. Целта на оваа соработка е да се користи интелигенциската лесна конструкција за понатамоѓно подобрување на ефикасноста на погонот и намалување на штетните емисии. Овој пристап делува како клучен елемент во визијата на британскиот бренд: „Destination Zero“ – иднина без штетни емисии, хаварии и мешаници.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK