Jaguar Land Rover доби 500 милиони фунти заем од Владата на В.Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Jaguar Land Rover доби 500 милиони фунти заем од Владата на Велика Британија со цел да го забрза развојот на електрични автомобили.

За време на состанокот на индустрискиот лидер, премиерката на Велика Британија Тереза Меј изјави дека Jaguar Land Rover доби 500 милиони фунти директно од Владата и дополнителни 125 милиони фунти од комерцијалните кредитори, пренесува Гардијан.

JLR уште од претходно го обелодени планот за производство на електрични автомобили кои при тоа ќе ги произведува во Касл Бромвич, Велика Британија со што компанијата во време на политичка нестабилност останува верна на своите корени.

Дел од овие пари компанијата ќе ги искористи и за градењето на најавената фабрика за бетерии кои потоа ќе ги користи за сопствени потреби односно за новите електрични автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK