Jaguar и Land Rover ќе ги затвораат сите фабрики во В.Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Jaguar и Land Rover ќе ги затворат сите свои фабрики во Велика Бритнија во ноември поради излезот на Велика Британија од Европската Унија.

Премиерот на Велика Британија објави дека земјата ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври, со или без договор па оттука големите производители во Велика Британија се подготвуваат за овој ден.

Најмногу погоден производтиел ќе биде JLR (Jaguar Land Rover) бидејќи најголем дел од своите бизнис активности се лоцирани во Англија. Оттука компанијата со цел да ги преброди економските нестабилности кои се најавуваат во ноември, ќе го стопира производството на една недела.

Претходно Toyota објави дека нема да има производство на 1 ноември додека BMW нема да работи на 31 октомври и 1 ноември.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK