J.D.Power: Сопствениците на Kia e-Niro се најзадоволни од сите што имаат електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Kia e-Niro го освои првото место меѓу масовните брендови во најновата студија на Ј.D. Power за 2021 за искуство на сопствениците на електрично возило (EVX Electric Vehicle Experinace). За целите на студијата, Ј.D. Power анкетирал околу 10.000 сопственици на електрични возила (ЕВ) за фактори како што се на пр. трошоци за сопственост, опсег на батерии и задоволство од возењето, за да се добие оценка на веројатноста за повторно купување и препорака за електричното возило.

Од вкупно 1.000 расположени бодови, Kia e-Niro собра најмногу кај сите масовни брендови (782), потоa следува Chevrolet Bolt (745 поени), а Hyundai Kona EV се најде на третото место (743).

„Да се ​​биде победник во категоријата масовни брендови во студијата за задоволство на сопствениците на EVX е потврда за доброто прифаќање на нашите електрични возила од страна на клиентите, што не насочува кон иднината во која – до 2025 година – ќе претставиме 11 возбудливи електрични возила од новата генерација. Оваа транзиција кон електрификација влезе во нова фаза, затоа сме горди што сме на чело на колоната за електричниот момент , вели Џејсон Јеонг, претседателот на Киа Европа.

Најновото признание за е-Niro им дава дополнителна тежина на електричната понуда на Kia. Со богат асортиман на електрични возила и со поглед кон идната мобилност, Kia го реализира својот план S, според кој ќе инвестира 25 милијарди долари во иднина околу електрификација, услуги за мобилност, поврзување и автономија до 2025 година.

Студијата EVX го мери задоволството на сопствениците во сегментите на премиум и масовни производители засновано врз 7 фактори: прецизен статус на батерија, достапност на јавни полначи, опсег на батерија, цена на сопственост, задоволство при возење, едноставноста за полнење дома и квалитет и доверливост на возилото. Овогодинешното истражување, спроведено во октомври и ноември 2020 година, опфати 9.632 сопственици на електрични возила со батерии и хибридни приклучни возила купени меѓу 2015 и 2021 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK