Извиси Бугарија: Новиот VW Passat ќе биде “Made in Turkey”

ОБЈАВЕНО НА:

Се е готово, пишува Automotive News – фабриката на Volkswagen ќе се гради во Турција.

Овој угледен магазин од автомобилската индустрија открива дека Volkswagen Групацијата веќе основала своја подружница во Турција, а новата фабрика ќе ја гради во близина на турскиот град Маниса.

Новата фабрика ќе започне да се гради следната година, а производството ќе биде започнато во текот на 2022 година. Годишното производство е планирано на 300 илјади автомобили, а за нивно производство ќе работат 4 илјади работници.

Ова практично значи дека новата генерација на Volkswagen Passat како и Skoda Superb ќе се произведуваат во оваа фабрика односно ќе се извезуваат како турски производ.

Истовремено ова е одлична вест за турската автомобилска индустрија која сега добива уште еден гигант. За потсетување, во моментов во оваа фабрика се произведуваат автомобили од брендовите на Fiat, Toyota, Renault, Peugeot, Ford …

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK