Италијанските медиуми потврдија – Fiat 500 Giardiniera доаѓа следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанските медиуми ги потврдија плановите на Fiat за враќање во понудата на моделот Fiat 500 Giardiniera.

Понесени од одличната продажба на Fiat 500 кој веќе 10-тина години е далеку најпродаван автомобил во својот сегмент во Европа, раководството на FCA даде светло за производството на овој модел.

Како што пишуваат италијанските медиуми, овој модел ќе биде претставен следната година на саемот во Женева, а во сериско производство би требало да се појави во текот на 2022 или најдоцна до 2023 година.

Српските медиуми пак, пишуваат дека производството ќе се спроведува во Крагујевац каде во моментов се произведува Fiat 500L кој наскоро ќе замине во историјата.

Моделот 500 Giardiniera во понудата на Fiat беше во далечните 60-ти години, а беше произведуван од страна на Autobianchi.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK