Италијанската пошта нарача 1.744 примероци од Opel Corsa-e

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанската пошта (Poste Italiane) наскоро ќе се поднови со 1.744 примероци од целосно електричната Opel Corsa, пренесоа италијанските медиуми. Нарачката е веќе доставена, а првите испораки ќе се случат кон крајот на оваа година.

Со овие електрични возила, Италијанската пошта сака да ги намали штетните честички во воздухот, а германскиот производител беше одбран како најповолен на јавниот тендер на кој аплицираа бројни производители на електрични возила.

Инаку Opel Corsa-e според WLTP стандардите, со едно полнење на батериите може да помине до 337 км. Располага со батерија од 50 kWh чиј капацитет до 80% може да се наполни за само половина час.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK