Isuzu ги претстави во Македонија најновите автобуси

ОБЈАВЕНО НА:

Во рамки на меѓународната турнеја Isuzu Euro-Tour 2021, партнерите Аутомакедонија и Anadolu Isuzu ги претставија и кај нас водечките модели на туристички и меѓуградски автобуси на големиот турски производител. Тие ги претставија моделите Grand Toro, Novo Ultra и најновиот меѓуградски автобус Kendo/Interliner, кој беше лансиран на европскиот пазар во септември минатата година.

Grand Toro e 8.5 метарски туристички автобус кој се издвојува од останатите конкуренти во мини сегментот по својата исклучителна внатрешност и простор за патниците и возачот, голем багажен простор и ниската потрошувачка. Наменет е за туристички патувања на средни и долги релации, а се користи и за транспорт на вработени или како училишен автобус.

Novo Ultra е веќе добро познат претставник во миди сегментот. Обезбедува место и багажен простор за 29 патници, а новиот Euro 6 Isuzu мотор испорачува 190 коњски сили на 2600 вртежи. На европскиот пазар доаѓа во 2 верзии – Standard и Ultra.

Новиот 13 метарски Isuzu Kendo/Interliner меѓуградски автобус беше лансиран во Европа во Септември 2020 година, но веќе е добро познат на македонскиот пазар. Веднаш по самото лансирање Anadolu Isuzu испорача 6 еко автобуси на природен гас на Рек Битола.

Покрај со CNG и bioCNG моторите, Isuzu Kendo/Interliner исто така нуди и широк ранг на интелигентни безбедносни технологии развиени од страна на развојниот центар во Anadolu Isuzu.

Турнејата на Isuzu продолжува низ останатите земји во Европа, а планирана е да трае до Јуни оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK