Истражувањето покажа: Кој е најдобриот, а кој најлош автомобил!

ОБЈАВЕНО НА:

Кога купувате или сакате да купите автомобил се консултирате со пријатели, но сигурно многу читате да дознаете дали саканиот модел има некои проблеми, какво е мислењето на они ешто го купиле, а најмногу влијае секако некое независно истражување.

Еден од тие независни извештаи е оној на JD Power. Годишниот извештај на J.D. Power добрите познавачи на автомобилската индустрија нема да биде изненадувачки, бидејќи рангирањето не се менува многу во однос на минатото.

Врз основа на 32.952 следени возила со старост од три години, се прави листата на доверливост на моделот според бројот на дефекти на 100 возила. Со 106 автомобилски дефекти на 100 возила, Lexus веќе осум години е на првото место.

Второто место го делат Porsche и Toyota, BMW е посигурен од Audi и Mercedes-Benz, Hyundai и Kia од Volkswagen. На дното е осамен Fiat со неверојатни 249 дефекти на 100 возила.

Погледнете ја листата и дознајте повеќе за моделот што ве интересира.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK