Истражувањето докажа: Зголемувањето на брзината причина за поголема смртност

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот институт за безбесност на патиштата IIHS (Institute for Highway Safety) ги објави резултатите во врска со зголемувањето на брзината и зголемувањето на загинати учесници во сообраќајните несреќи.

Стручњаците од IIHS тврдат дека во минатите 25 години, поради зголемување на ограничувањето на најголемите брзини на патиштата низ САД животот го загубиле речиси 37.000 учесници во сообраќајот.

Чарлс Фармер, кој е потпретседател на IIHS и е задолжен за истражување и статистичка обработка на податоците тврди дека на база на податоците од сообраќајните несреќи во последните 25 години дошле до заклучок дека зголемувањето на ограничувањето за 8 км/ч на отворен пат го зголемува ризикот од сообраќајки со смртни последици за осум проценти. Тој е убеден и дека дури 36.760 учесници во сообраќајот во САД не би загинале во минатите 25 години да не беше зголемено ограничувањето на брзината.

После презентацијата на резултатите од истражувањето, Чарлс Фармер ја поздрави одлуката на Хакан Самуелсон, кој е претседател на Управата на Volvo, да се обиде веќе од 2021 година на сите модели на Volvo  да ја ограничи брзината на 180 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK