Истражување: Велосипеди и пешачење ќе ги заменат автомобилите во големите градови!

ОБЈАВЕНО НА:

Одржливиот превоз, од јавниот до велосипедите, би можел да ги замени автомобилите во најголемите градови во светот, а ова го покажа студијата која беше објавена. Возењето на приватни автомобили ќе се намали во просек за десет проценти до 2030 година додека на јавниот превоз, одењето и возењето на велосипеди ќе му порасне популарноста.

Повеќе од пола од жителите на државите живеат во градовите, а се очекува дека тој број до 2050 година ќе порасне на речиси 70 проценти. Многу градски власти кои се борат против големите гужви и закрчениот сообраќај, како и загадениот воздух сакаат да го намалат превозот со автомобили, а изнајмувањето на велосипеди и помали електрични возила на жителите им дава нови опции за транспорт.

Во моментов со приватни автомобили патуваат повеќе од пола од патниците во големите градови, но ова се очекува да падне на 46 проценти во 2030 година. До ваков податок е дојдено после истражувањето во кое учествувале повеќе од 200.000 граѓани од Њујорк до Најроби. Во истиот период. Јавниот превоз, возењето со велосипед или пешачењето ќе го сочинуваат 49 проценти од градскиот сообраќај, создавајќи глобална „точка на преминување“ кон одржливу патување.

Околи 40 проценти од луѓето ширум светот се отворени за нови облици на патување, а градовите мораат да вложуваат во технологијата за да се овозможи напредок кон зелениот превоз. Се наведува дека растот на информирање на граѓаните за загаденоста и гужвите кои ги предизвикуваат автоомбилите помогнал во стартот на промените.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK